Соиграч на Алиоски ги помина медицинските прегледи во Тотенхем, наскоро промоција на трансферот

Тотенхем во краток период се очекува да соопшти две засилувања за тимот во пресрет на следната сезона.

Откако вчера во јавноста излезе информација дека е договорен трансферот на Тангуј Ндомбеле од Лион, вреден над 60 милиони фунти, денеска англиските медиуми пренесуваат дека лекарските прегледи во клубот ги минал младиот играч на Лидс, Џек Кларк.

Кларк доби шанса да заигра во дресот на Лидс Јунајтед од страна на Марсело Биелса и одлично ја искористи приликата.

Неговите игри не останаа незабележани од бројните скаути, а први интервенираа челниците на Тотенхем кои испратија понуда во висина од 8.5 милиони фунти до Лидс и истата била прифатена.

18 годишниот фудбалер ги поминал медицинските прегледи со клубот и во текот на денешниот ден би требало да биде презентиран во Тотенхем.

Треба да знаете
Последни објави