Џордан Линдзи (21) од Калифорнија која нуркаше со своето семејство, ја нападнаа три ајкули, по што таа настрада, објави полицијата од Бахамите, каде што се случи овој трагичен настан.
Нејзините родители и други членови на семејството ги забележале ајкулите и викале за да ја предупредат, но таа не ги слушнала навреме.
Официјални лица велат дека била искасана по целото тело, и дека ѝ била откината десната рака.
Џордан беше прогласена за мртва во болницата.
Министерството за туризам на Бахамите му изрази најдлабоко сочувство на нејзиното семејство.