Турција: Би можеле да ја преразгледаме одлуката за купување на авиони Ф-35

Турција би можела да ја преразгледа одлуката за купување на американски авиони-ловци од типот Ф-35, поради „постоечките технички проблеми и зголемените трошоци”, соопшти турското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека турските власти проценуваат оти авионите Ф-35, кои ги произведува американската компанија „Локид Мартин”, ќе ја направат Турција зависна од САД и ќе и создадат проблеми при нивната набавка и одржување, доколку Вашингтон воведе санкции кон земјата.

– Зависноста од САД ќе доведе до дополнителни проблеми и при интегрирањето на авионите во националните Вооружени сили, се додава во соопштението на турското Министерство.

САД се заканија со воведување санкции кон Турција, вклучително и откажување на испораката на авиони Ф-35, доколку Анкара не се откаже од своите планови за набавка на руските противвоздушни ракетни системи С-400.

Според најавите од Анкара и од Москва, испораката на системите С-400 во Турција треба да започне идниот месец.

Турските власти досега во неколку наврати нагласија дека немаат намера да се откажат од набавката на ракетните системи С-400.

Треба да знаете
Последни објави