Членови на „Рубикон” фрлија летоци пред домот на грчкиот претседател

Членови на анархистичката група „Рубикон” со четири мотори дојдоа до домот на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, во населба во северниот дел на Атина, каде фрлија летоци и си заминаа.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, преку текст објавен на анархистички сајт, „Рубикон” презеде одговорност за нападот и повика граѓаните да не излегуваат на гласање на парламентарните избори на 7 јули и да се организираат и да се борат за анархија.

Треба да знаете
Последни објави