Ќосиќ: „Медиумскиот генералштаб” на Вучиќ ги контролира таблоидите и речиси сите телевизии во Србија

Програмскиот директор на белградската телевизија Н1, ексклузивен регионален партнер на Си-Ен-Ен, Југослав Ќосиќ смета дека таблоидите и речиси сите електронски медиуми во Србија ги контролира „медиумскиот генералштаб” на српскиот претседателот Александар Вучиќ, кој, како што рече, ги носи сите важни медиумски одлуки.

Ќосиќ во интервју за белградскиот неделник „Време” вели дека не жали за објавата на Твитер со која весникот „Ало”, го нарече „медиумски СС одред”, по што таблоидот ја обвини Н1 дека „повикува на убиство на Александар Вучиќ”.

– Коментарите на Фејсбук одат толку брзо што никој не може да ги контролира… Овој весник „Ало” и другите таблоиди и речиси сите електронски медиуми, според мое убедување, ги контролира медиумскиот генералштаб на претседателот на Србија. Во овој генералштаб се носат сите важни медиумски одлуки: Кој утре ќе биде предмет на напади, на кој начин и кои прашања ќе му бидат поставени на Вучиќ. За прашањата се известуваат тие што треба, а потоа на „изненадениот” претседател му се поставуваат на прес-конференции. Така изгледа оваа уредувачка политика, вели Ќосиќ, оценувајќи дека на независните медиуми во Србија „им се случува истото она што им се случи на Евреите во нацистичка Германија во 1936 – увертира во истребување”.

Треба да знаете
Последни објави