Малезиските цариници заплениja над 5 000 желки пронајдени во куфер на аеродромот во Куала Лумпур. Според медиумите, запленети се 5 255 мали желки спакувани во 32 паковки во багажот на двајца Индијци кои допатувале од Кина. Според цариниците, тие немале дозвола за желките.
Тие им екле на истражните органи дека желките чија вредност се проценува на 12.700 американски долари, планирале да ги продаваат како миленичиња во Индија.
Индијците на возраст од 30 и 42 години, се очекува да бидат обвинети и може да се соочат со пет години затвор и парична казна.
Запленетите желки се во вид кој е меѓу најчесто тргуваните на пазарите за домашни миленичиња. Дозволите за транспорт на желките се неоходни, бидејќи младите желки се преносители на салмонела и на други заразни болести. Во Австралија, овој вид се смета како закана за популацијата на желки.