Вартоломеј до Ѓукановиќ: Нема црногорска црква, постои само Митрополија на СПЦ

Вселенскиот патријарх, Вартоломеј, му испрати писмо на црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ, дека вселеснката патријаршија, заедно со сите други православни цркви, како единствена канонска православна јурисдикција во Црна Гора, го признава митрополитот црногорски Амфилохије.

„Неодамна бевме изненадени од фактот дека искажавте поддршка за создавање на Православна црква на Црна Гора и дека Владата на вашата земја усвоила предлог закон за слобода на вероисповед, кој предвидува национализација на сите православни цркви изградени пред 1918 година, како и други црковни добра”, се наведува во писмото од 21 јуни.

Ова, како што се додава, значи дека Црна Гора го одзема правото на сопственост над црквите и имотот на црногорската митрополија, како и другите три епархии на Православната српска црква.

 

Треба да знаете
Последни објави