Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска повторно изгледаше како да не ѝ е добро и се тресеше за време на церемонија во Берлин, во сцена слична како онаа од пред десет дена, на пречекот на новиот украински претседател, Зеленски.
Целата ситуација се случила додека Меркел, која следниот месец ќе полни 65 години, стоела веднаш до германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмаер на церемонијата за назначување на нов министер за правда.
На канцеларката ѝ понудиле чаша вода, но таа ја одбила.
Агенцијата АП известува дека по половина час Меркел пристигнала во парламентот и дека тогаш изгледала добро.
Кога на канцеларката ѝ се слоши на пречекот на Зеленски од нејзиниот кабинет рекоа дека станува збор за дехидрација.
„Испив најмалку три чаши вода, што очигледно ми беа потребни бидејќи сега ми е многу подобро“, изјави тогаш Меркел.