СДСМ со соопштение реагира на прес конференцијата на Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој рече дека сите сме сведоци на психолошкиот трилер „Зоран против Заев“.
–Очигледно дека во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ веќе нема чесни и одговорни личности, па прес конференции продолжува да држи Димитар Димовски, обвинет во предмет од Специјалното јавно обвинителство и десна рака на Миле Јанакиески против кого се водат бројни судски предмети. Наместо лицемерно да зборува за почитување на законите, Димитар Димовски треба да одговори за криминалните игри во случајот „Топлик” на СЈО во кој е обвинет заедно со Јанакиески. Јавноста знае дека Димовски кој денес лицемерно зборува за чесност, има удел во компанијата „Енерготек ДОО Скопје” заедно со Христијан Хидро Мицкоски.
Токму фирмата во која тој и Мицкоски имаат заеднички удел, го добива бизнисот со хидроцентали од владата на Никола Груевски. Во тоа време,Димовски е висок фунцкионер во Министерството за транспорт и врски, а Мицкоски е советник на Груевски. Ништо не е сменето во белиот дворец. Мицкоски, Димовски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат симбол за непотизам, криминал и неспособност. СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните, преку промените кои имаат за цел да продолжат политиките што обезбедуваат економски раст и развој и подобар живот за сите, велат од СДСМ.