Судот во Будимпешта не ја одобрил екстрадицијата на екс премиерот Никола Груевски, пренесуваат унгарските медиуми.
Како образложение било дадено дека условите од екстрадицијата не биле исполнети, пренесуваат дел од унгарските медиуми. Барањето било одбиено со образложение дека неговиот статус на бегалец е пречка за негово враќање во Македонија сега и во иднина, пренесе унгарскиот весник „ХВГ“. Како што кажала судијката Ева Варежи по денешното рочиште, според унгарскиот закон, лице на кое му бил одобрен статус на бегалец не може да биде екстрадирано во земјата од која што избегало.
Неофицијално Груевски веќе не е се лисици на рацете и се очекува набрзо да го напушти судот.
Груевски во судницата дојде со безбол капа и очила за сонце кои не ги тргнал цело време додека камерите го снимале. Тој не дал никакви коментари на прашањата на присутните новинари. Одбраната на Груевски, побара медиумите да не можат да ја следат седницата на судот.