„Се бара европска одговорност и однесување од сите”.
Ова е реакцијата на албанскиот претседател, Илир Мета, на Фејсбук, по средбата со лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша,која траеше 25 минути.
-Денес, го примив претседателот на Демократската партија, господинот Љуљзим Баша, за да разговараме за актуелната криза низ која минува земјата. Потребна е европска одговорност и однесување ,-напиша Мета на неговиот профил на фејсбук.
Шефот на албанската држава оствари средба со потпретседателот на Социјалистичкото движење за интеграција Петрит Васили.
Од неговот кабинет наведуваат дека до 13:00 часот претседателот Мета го очекува на средба Еди Рама,кој претходно на поканата одговори дека е зафатен со изборни активности и нема време за средби.
Во меѓувреме од изборна активност во Тирана тој го обвини Мета дека станал лидер на опозицијата и оти „секаков обид да декретира нов датум за одржување на локалните избори е нула”