На 26.06.2019 година околу 20.00 часот на ул.„Блага Ружето“ во Прилеп, Н.Ј.(24) од Прилеп, управувајќи мотоцикл „Кавасаки“ со прилепски регистарски ознаки, удрил во велосипед што го управувало седумгодишно дете од Прилеп.
Детето било пренесено во болницата во Прилеп каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.