Почина ѕвездата од серијата „Алф”

Актерот Макс Рајт, познат по улогата во култната серија „Алф”, почина на возраст од 76 години, во својот дом во Хермоз Бич во Калифорнија. Тој ја загуби битката со ракот со кој се бореше 24 години, објави „Мирор“.

Макс Рајт е познат по улогата на Вили Танер во серијата „Алф”, таткото кој го посвои планетарно популарниот крзнен вонземјани. Тој, исто така, се појави во легендарната серија „Пријатели”, како и во сериите „Итна служба“, „Кафулето На здравје“ и многу други.

Откако настапи во бродвејскиот мјузикл во 1998 година беше номиниран за наградата „Тони“.

Тој беше во брак со Линда Рајт, која пред две години почина од рак на дојка. Имаше две деца, ќерка Дејзи и син Бен.

Треба да знаете
Последни објави