ПСЖ се откажале од Де Лихт, барал „ниска” откупна клаузула

Францускиот гигант Пари Сен Жермен се откажал од можноста да го привлече Матијас де Лихт ова лето. Причината, според „РМЦ Спорт”, е барање што играчот го имал кон клубот. Весникот тврди дека тој побарал клаузула за ослободување од 150 милиони евра во договорот – нешто што ПСЖ го смета за недозволиво.

Според клубот, износот е пренизок, а агентот на дефанзивецот, Мино Рајола, објавил дека износот од над 150 милиони евра не е предмет на преговори. Според парижаните, тоа било за цел по една година Де Лихт да замине во некој од другите европски гиганти.

– Едвај си пристигнал во клубот, а веќе бараш работи, за да ти помогнат да заминеш – не се прави тоа така, изјавиле извори од ПСЖ за медиумот.

Ова е причината за пропаѓање на преговорите, бидејќи клубот бил категоричен дека се работи за „прашање на етика”.

Последно, но не и најмалку важно, таквите клаузули се забранети во Франција, што значи дека ПСЖ треба да бара начини да ги заобиколи правилата за задоволување на желбата на Де Лихт.

Во оваа фаза, ниту еден од шефовите на ПСЖ не бил подготвен за таков чекор.

Треба да знаете
Последни објави