Села: Oставката на Мемеди ја поправи неправдата кон Алијансата

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села денеска не сакаше да ја коментира одлуката за предавање на пратеничкиот мандат од страна на Весел Мемеди.

Тој рече дека со оваа дејстување се среди неправда што му е направена на неговата коалиција, бидејќи Мемеди беше избран за пратеник токму од оваа коалиција на парламентарните избори од 2016 година и дека тој го сврте грбот на оваа коалиција.

Села рече дека преминувањето на пратеничкиот мандат кај Арта Точи, ќе ја засили политичката позиција на Алијансата за Албанците и ќе го подигне гласот на албанската опозиција, пренесува Алсат М.

Прашан дали зборувал со госпоѓата Точи, дали ќе го прифати пратеничкиот мандат, Села рече дека за тоа зборувал кога е напревен пратеничкиот список и дека нема потреба да се дискутира.

Треба да знаете
Последни објави