Тевдовски нема да биде советник на Заев: „Со главата горе се враќам на Економскиот факултет“

Драган Тевдовски, кој вчева беше разрешен од позицијата министер за финасии на „Фејсбук“ објави дека во иднина повторно им се враќа на ангажманите на Економскиот факултет во Скопје.

На овој начин, Тевдовски практично ја негира вчерашната изјава на премиерот, Зоран Заев, дека ќе биде ангажиран како негов советник.

https://www.facebook.com/dragan.tevdovski/posts/10162037297505375

„Чест ми е што ја водев најдобрата институција во земјава. Се гордеам што имав одличен тим со кој не се плашев да влезам во ниту една битка. Благодарност до вработените во Министерството за финансии што беспоштедно работеа да ги спроведеме реформите. Најголемата награда за мене за овие две години, доаѓа деновиве кога насекаде граѓани ме застануваат и ми велат: ‘браво и главата горе’. Тоа е за мене најдобриот начин да се излезе од едно министерство. И затоа со главата горе и целосно посветен се враќам на Економскиот факултет“, напиша Тевдовски на својот фејсбук-профил.

Драган Тевдовски е еден од министрите кои ги зафати најавената „метла“ на премиерот Заев, иако неговото име во јавноста не беше поврзано со некој скандал.

Треба да знаете
Последни објави