УЈП потврди, 1ТВ демантира дека и е блокирана сметката

Управата за јавни приходи потврди дека сметката на телевизијата 1ТВ е блокирана. Оттаму не даваат информации и образложение поради кои причини е блокирана сметката на правното лице „1ТВ ДООЕЛ Скопје“, бидејќи, како што велат, обврзани се сите информации да ги чуваат како даночна тајна.

„По однос на причините врз чиј што основ сметката е блокирана, ве известуваме дека согласно Законот за даночна постапка, Управата за јавни приходи е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна“, се вели во информацијата испратена од УЈП.

 

Од телевизијата, пак, демантираат и сметаат дека станува збор за злонамерни информации.

„Во врска со тенденциозните информации објавени во одредени медиуми дека е блокирана сметката на 1ТВ, Менаџментот на телевизијата ја информира јавноста дека сметката на 1ТВ е активна, што може да се утврди и со увид  во банкарска потврда. Воедно, ваквите дезинформации ги оценуваме како злонамерни, кои имаат за цел да го нарушат угледот на телевизијата, предизвикувајќи и материјална штета, но и да внесат забуна кај клиентите и гледачите“, велат од 1ТВ.

Треба да знаете
Последни објави