Бубевски: Бебето на Јанкуловска наполни една година, недозволиво е да и се одложува казната

Обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски смета дека е недозволиво е и понатаму да се одложува издржување на казната од четири години затвор која што ја доби поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска со пресудата за предметот „Тенк“, бидејќи нејзиното бебе денеска наполни една година. Јанкуловска требаше да се јави на издржување на затворската казна на 1 јули, но Врховниот суд донесе одлука со која извршувањето на казната се одложува.

Според Врховен казната се одложува се „до одлучување по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда од страна на Врховниот суд.“

Бубевски вели дека одложување на затворска казна над една година е недозволиво во случајов.

-Сметам дека законот за извршување на санкции е премногу јасен и му дава можност на судот додека детето наполни 1 година, заради првата на детето и мајката, да го одложи извршувањето на соодветната санкција. Денеска истекува рокот, детето полни една година, се над тоа е нешто што е недозволиво. Не сум ја видел одлуката на Врховен од кои причини се раководел, дали хуман аспект или нешто друго имал предвид. Но законот за извршување на санкции е така регулиран – изјави денеска Бубевски.

Обвинителот смета дека СЈО во моментов е во вештачка кома.

-Разбирливо ми е ова затоа што и законодавецот и општеството во овој момент го држат СЈО во некаква вештачка кома. Со одлуката на Врховен суд со непостапувањето и по едно од обвиненијата во судот, се осеќа дека одлуката на Врховен си нашла свој пат и во овој момент освен судење за тие обвиненија што сме ги поднеле во рокот, ние освен документација што прибираме, други наши активности нема и со самото тоа нормално е луѓето да немаат доверба во нашата работа. Ама тоа многу брзо ќе се крене само да ги добиеме можностите, изјави Бубевски.

Треба да знаете
Последни објави