По парламентарната дебата, врз основа на извештајот на Франк Швабе (Германија, СПД) и Золт Немет (Унгарија, ЕНП / ДХ), ПССЕ одлучи да го продолжи постмониторинг дијалогот со Бугарија, истакнувајќи дека и покрај „значителниот напредок” постигнат од земјата во согласност со нејзините обврски од последниот извештај од 2013 година, останаа голем број проблеми.
При усвојувањето на резолуцијата, ПССЕ го поздрави воведувањето на законодавството во областа на судството – во однос на независноста на судството – и новиот закон за борба против корупцијата, конфискацијата на добра; измени на Кривичниот законик за подобрување на извршувањето на казните; како и напредок во извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.
Сепак, поради периодот на политичка нестабилност и последователни избори, некои реформи беа предмет на „брза законодавна постапка во 2016 и 2017 година, без соодветни консултации со сите засегнати страни.” Властите ќе мора да преземат чекори за да обезбедат “одржливост и неповратност на реформите”, рекоа пратениците од 47 земји членки на Советот на Европа..
Во овој контекст, ПССЕ ќе го продолжи пост мониторинг дијалогот со Бугарија и во јуни 2020 година ќе го процени напредокот во судскиот систем, корупцијата на високо ниво, медиумите, правата на малцинствата, говорот на омраза и насилството врз жените. жени. Двата известувачи и самото ПССЕ беа поделени дали да се продолжи или да се прекини следењето на Бугарија во пост-мониторинг дијалогот, германецот Швабе беше против, додека унгарецот Немет беше за да се укине со оглед дека Бугарија е земја членка на ЕУ. ПССЕ со гласање пресече, при што 31 пратеник се изјаснија за, и 33 против укинувањето на пост мониторинг дијалогот со Бугарија, додека 8 беа воздржани. Така Бугарија со Северна Македонија и Црна Гора се трите земји со пост мониторинг дијалог, додека повеќе други земји се во мониторинг.
Македонската парламентарна делегација не учествуваше во дебатата и гласањето, бидејќи од средата напладне во Стразбур нема ниту еден претставник на Собранието на Република Северна Македонија.