Британската премиерка Тереза Меј побара денеска од рускиот претседател Владимир Путин екстрадирање на двајцата Руси кои Велика Британија ги смета одговорни за труењето во Солсбери.
Таа му се обратила на Путин дека Русија мора да ја прекине својата „неодговорна и дестабилизирачка активност” со цел да се подобрат односите меѓу двете земји, кои се влошени поради наводното труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал на британска територија.
Како што соопштува нејзиниот кабинет, Меј за време на нивниот состанок на самитот Г20 во Јапонија побарала од Путин двајцата руски државјани, кои Британија ги смета одговорни за нападот врз Сергеј Скрипал во Солсбери минатата година, да бидат изведени пред суд.
Тереза Меј истакна дека Британија останува отворена за подобри односи, но за да се случи тоа, руската Влада мора да избере поинаков пат.