Николовски: Нови избрани министри нема, има желба на Заев да го контролира државното кесе

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски изјави дека од големо најавуваната реконструкција на владата не се случи ништо и денешното апсење на функциоенери од неговата партија е  токму резултат на покривање на таа работа.

– Нови избрани министри, да не ме сфатите погрешно, немаме. Имаме од глупост во глупост влегување од ден во ден. Видовте вчера со што се занимаваше министерството за здравство за да вечерта ретерираат после сериозните  реакции на јавноста. Одат од скандал во скандал и не знаат како да излезат и влегуваат во вакви работи. Ако ја гледате т.н. реконструкција на владата имате еден министер кој што од здравствени причини се повлече, природно дојде друг човек на негово место. Му посакувам на господинот Асаф Адеми добро  здравје и се најдобро. Имате втор министер кој што ротира од позиција икс на позиција ипсилон, имате трет министер кој што оди во министерство во кое што и претходно нешто не го видовме и на тоа се сведува реконструкцијата. И имате желба на Зоран Заев да го контролира државното кесе со цел да може да функционира системот „евро за евро“. Така што реконструкција практично и да немаше, рече Николовски.

Треба да знаете
Последни објави