Тапанарот на „Ганс енд роузис“ хоспитализиран во болница, си заби нож во стомакот

Тапанарот на „Ганс енд роузис“ си заби нож во стомакот, во болница е Стивен Адлер (54), поранешниот тапанар на „Ганс енд роузис“, итно е префрлен во болница во Лос Анџелес откако си заби нож во стомакот, пишува „Сан“. Адлер, наводно, не бил во животна опасност, а итната помош била повикана од лицето кое било со Адлер во неговиот дом во кој се случил инцидентот.

Со години тапанарот има проблеми со зависноста од хероин и алкохол, поради што беше исфрлен од „Ганс енд роузис“ и беше тема на телевизиски емисии како што се „Celebrity Rehab with Dr. Drew“ и „Sober House“. Музичарот сега е во групата „Адлерс апетит“, во која покрај него свират и Константин Марулис, Карл Рестиво и Мајкл Томас.

Треба да знаете
Последни објави