Во согласност со одредбите на Законот за високо образование, избрани се тела на Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје. За претседател на Сенатот на УMT е избран вонр.проф. д-р Блерим Саити, а за проректори Зоран Трифунов – за настава и студентски прашања, Ризван Сулејмани – за финансии и Блерим Фетаји – за наука.
Како што соопшти УМТ, Сенатот денеска на седница констатирал дека е успешно завршена учебната година во која ја излезе и првата генерација апсолвенти и први дипломци на овој универзитет. Ректорот Азис Положани ги информирал членовите на Сенатот со сегашниот тек на активностите и предизвиците со кои се соочува оваа високаобразовна институција на албански јазик.
Главни предизвици се кои е соочен УМТ е итна потреба за дополнителен простор за студентите во 2019/2020 година, но и забрзување на постапките за изградба на универзитетскиот комплекс „Мајка Тереза” на новата локација дефинирана од Владата.
Сенатот смета дека е потребно и итен преглед на моделот за финансирање на високото образование, кој е идентификуван како една од главните причини за падот на квалитетот на образованието.
– Сенатот на УМТ е на мислење дека само ревизија на моделот на финансирање на високото образование преку обезбедување пристојно ниво на платите на наставниците, кои нема да зависат од учеството на студентите, и значителното намалување до целосно отстранување на плаќање на партиципацијата на студентите за нивните студии, ќе создаде услови за одговорност и соодветна академска мотивација за квалитетот во високото образование, наведува Сенатот на Универзитетот „Мајка Тереза”.