По топлотниот бран кој ја погоди Хрватска, стига невреме во земјата, а град веќе падна на границата со Словeнија и Унгарија, пренесе „Индекс.хр“.
Во Хрватска вчера беа забележани рекордно високи температури.
Според првичните анализи, вчерашниот бил најтоплиот јунски ден во Истра во историјата на метеоролошките мерења.
Оваа информација ја јави метеоролошкиот портал „ИстраМет“ кој додава и дека со тоа тоа е соборен рекордот стар 16 години, а забележана е температура од 38,5 степени.