Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е во куќен притвор, државен правобранител за Град Скопје, околу 5 вработени во Министерството за транспорт и врски, нотари, вработени во Катастар и еден бизнисмен, кој требало да ги работи Шпанските скали, се апсат утринава од МВР, по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, пишува СДК.мк.
Според обвинителството, се работи за кривични дека Злоупотреба на службената положба и овластувањата и за Несовесно работење во службата, а неофицијално, станува збор за државно земјиште кое Министерството за транспорт и врски го дало на лица кои не ги исполнувале условите, а биле потпишани и анекси во договорот повторно без исполнети услови.
Општина Центар донесе одлука да се градат Шпански скали на Плоштад Македонија во 2015 година, а актуелниот градоначалник Саша Богдановиќ го поништи одобрението за градба во февруари 2018 година, бидејќи инвеститорот во рок од две години по правосилноста на решението, колку што пропишува Законот за градење, не започнал со изградба на објектот.