Дејвид Камерон изјави дека сака тенис, Тереза Меј готвење, а Борис Џонсон, фаворитот во трката за британски премиер, рече дека се опушта правејќи макети на автобуси од стари дрвени гајби, кои потоа ги пребојува.
„Јас правам макети на автобуси … пронаоѓам стари дрвени гајби што ги пребојувам”, му рече Џонсон (55) на новинарот на едно британско радио кој го праша дали има хоби.
https://twitter.com/rosskempsell/status/1143491303466053633
Џонсон рече дека тоа се стари дрвени гајби во кои некогаш имало шишиња вино бидејќи имаат прегради.
„Ги претворам во автобус и ги сликам патниците кои се забавуваат во прекрасен автобус што малку загадува, какви што има на улиците на Лондон”, додаде Џонсон.