Естер Даниелс (26) е уапсена на аеродромот во Атланта поради обид да киднапира две деца.
Снимките од надзорните камери покажуваат како Даниелс се прикрадува до количката на мајката и се обидува да ја оттурне. Кога тоа не и успева, Естер го крева другото дете и се обидува да избега со него. Во тој момент се појавува маж кој успева да и го одземе детето.
Полицаецот кој им притрчува на помпош ја фаќа Даниелс која почнува да бега од аеродромот. Таа е приведена во полициската станица. Во полицискиот извештај се наведува дека жената е во лоша психичка состојба.
„Не успеавме да ги разбереме нејзините зборови. Се чини дека е во лоша психичка состојба“, велат од полицаецот.