Американската вселенска агенција НАСА објави дека ќе испрати сонда налик на квадрикоптер на Титан, најголемата месечина на Сатурн, која е поголема од Меркур и има сличности со Земјата.
Мисијата ќе се вика ,,Dragonfly”, лансирањето е планирано за 2026 година, а слетувањето на Титан за 2034 година. Титан од Сонцето е одалечен 10 пати повеќе од Земјата и е екстремно ладен, со просечна температура од -179 степени.
Сондата ќе лета на небото над Титан и во период на две години и осум месеци ќе анализира и ќе ги следи сите промени на месечината на Сатурн. Целта на мисијата е да се најдат траги од древниот живот со цел да се разбере како настанало се.
Научниците неодамна сметале дека сателитот Титан е атрактивно место за проучување. Многумина мислат дека тој би можел да поддржува живот на микроорганизми.Титан има океани и течни езера на површината. Тие не се полни со вода, туку со метан во течна состојба поради исклучително ниска температура.
Неговата површина е составена од воден мраз, замрзнат како тврда карпа. Под кората се крие резервоар со течна вода за која астрофизичарите сметаат дека ја има истата температура како и водата во Тихиот океан.Титан органски се состои од комплексни молекули кои може да бидат, во најмала рака, доказ за вонземната биологија. Поради тоа Титан одамна е предмет на фасцинација кај астрофизичарите.
,,Dragonfly” ќе лета 175 километри за помалку од три години.
,,Dragonfly” ќе истражува еден свет полн со широк спектар на органски молекули кои се основите на животот и може да ни помогне да се разбере потеклото на животот”, вели супервизорот на сите научни активности во НАСА, Томас Курбухен.