(Видео) Разнесен „мостот на смртта“ на кој во Џенова загинаа 43 луѓе

Во голема контролирана експлозија денеска се срушени остатоците од мостот во Џенова кој минатата година се урна при што загинаа 43 лица.

Поради големиот облак прашина при уривањето, околу 3.500 луѓе кои живеат во близина биле евакуирани како мерка на претпазиливост.

Станбените објекти под мостот беа евакуирани еден ден по инцидентот во август 2018 година.

Пожарникарите прскаа со вода за да ја намалат прашината предизвикана од експлозијата, но сепак огромен облак од прашина го помрачи сончевото небо.

Обвинителите во Џенова и натаму бараат и ги разгледуваат недостаотоците во дизајнот и лошото одржување како можни причини за падот на мостот.

Мостот е дизајниран од познатиот архитект од Џенова, Ренцо Пјано.

Треба да знаете
Последни објави