Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде помеѓу 13 и 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 19 до 31 степен.
Од сабота следува период на стабилно време. За време на викендот ќе има благо опаѓање на температурите, а од понеделник позначителен пораст.