Две лица се уапсени во Индија бидејќи им ги избричија главите на две жени кои се спротивставија на силување, објави „Би-би-си“.
Неколку мажи, од кои едниот е локален службеник, влегле во домот на мајка и ќерка и се обиделе да ги силуваат. Кога жените им се спротивставиле, тие ги нападнале и им ги избричиле главите пред цело село.
Полицијата соопшти дека сè уште трага по другите петмина напаѓачи.