ОЈО контра Заев: Нема истрага за „Кики и Коки“, само се собираат информации

Од Основното јавното обвинителство информираат дека за случајот во кој, според шпекулациите кои постојат во јавноста, сопственик на медиум рекетира и изнудува пари од бизнисмени и услуги од власта, не се води истрага, како што истакна премиерот Зоран Заев, туку се прибираат информации, пишува Слободен печат.

-Јавното обвинителство од самиот почеток ги следи сите информации и ќе постапува доколку бидат утврдени елементи на кривично дло. Истрага е друга фаза од  постапката. Се уште не е донесена наредба за спроведување на истражна постапка, рекле од ОЈО за весникот.

Оттаму објаснуваат дека додека не се донесе наредба за истрага не се познати повеќе детали, како тоа колку луѓе би биле опфатени, за какви активности станува збор и за кои кривични дела.

 

Треба да знаете
Последни објави