Минатата година во Австрија починаа повеќе од 83.000 лица, а најчеста причина за смрт беа заболувањата од рак.
Починаа 43.000 жени и 40.000 мажи, а кај причините за смртта постои разлика меѓу половите.
Така, од рак починале 11.487 мажи и 9.831 жени.
Сепак, ракот е најчестата причина за смрт кај жените и мажите, а кај другите причини постојат разлики.
Мажите се со поголема веројатност да умрат од инфаркт, како и од последици на зависност од алкохол или дрога.
Од друга страна, жените почесто заболуваат од деменција.
Особено е загрижувачки што трипати повеќе мажи извршуваат самоубиство отколку жените.
Во минатата година, речиси секој ден по двајца мажи извршија самоубиство.