Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во периодот од 6 утрото до полноќ спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.
Притоа, откриени се 52 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Откриени се и 58 останати прекршоци за кои се издадени 36 мандатни платни налози и 22 прекршочни платни налози.
Истиот ден во акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават мотоциклисти, сообраќајците откриле 20 прекршоци. Откриени се и два останати прекршоци за кои се издадени исто толку прекршочни платни налози.