Луѓето родени во овие хороскопски знаци едноставно обожуваат пари и сѐ што носат тие. Но, иако сите на прва тоа го гледаат како нешто лошо, тоа не мора да значи дека секогаш е така.
Ним плодовите од работата им значат повеќе од било кој друг и се трудат да ги размножат што е можно повеќе.
Бик
Биковите исклучително ги ценат парите. Работат колку и да е потребно за да ги заработат, а кога ќе заработат доволно, сакаат да си приуштат луксузни работи. Иако секогаш се подготвени за помош, Биковите не сакаат да им позајмуваат пари на другите, ниту пак да позајмуваат за себе. Нивната најголема грешка е тоа што понекогаш се обидуваат да ја купат сопствената среќа, што е многу краткорочно.
Лав
Луѓето родени во знакот на Лав од мали сонуваат за богатство. Секогаш купуваат и инвестираат во најдоброто и сакаат да живеат на висока нога. Но, кога е во прашање заработувањето пари, не им е тешко да работат и неколку работи за да имаат сѐ што ќе посакаат. Многу се амбициозни и се големи хедонисти, а тоа и сакаат да го истакнат кај себе.
Јарец
Јарците, парите и сѐ што поседуваат, го ценат повеќе од било што друго и не сакаат во ниту еден случај да останат без својот имот. Многу се вредни и подготвени се напорно да работат, за да ги остварат своите соништа. Сепак, Јарците ги мачи истиот проблем како Биковите. Преку купувањето облека и секакви непотребни ситници, тие се обидуваат да ги сокријат проблемите и се обидуваат да се усреќат на сосема погрешен начин.