Сенатот на САД синоќа го одобри буџетот за одбрана за фискалната 2020 година, според кој се забранува испорака на авионите-ловци „Ф-35″ на Турција.
Документот е поддржан од 86 сенатори, а против гласаа само осум. Во него се посочува дека забраната е во сила се додека Турција не потврди дека се откажала од откупот на рускиот ракетен систем С-400.
Претходно Турција повеќе пати ја потврди испораката на С-400 од Русија. Првиот дел од ракетниот систем „земја-воздух” треба да се реализира во јули.
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, вчера изјави дека земјата ќе се обрати до меѓународен арбитражен суд доколку Вашингтон не ги испорача веќе платените од Анкара американски ловци-бомбардери „Ф-35″.
– Турција за авионите платила 1,25 милијарди долари и ќе бара парите да и бидат вратени, изјави Ердоган.