Доналд Трамп е познат по непосредниот пристап спрема другите светски лидери, а тоа го покажа и на денешната средба со Владимир Путин.
За време на Самитот на Г20 во Осака, двајцата претседатели се фотографираа со другите лидери од најразвиените земји.
Трамп и Путин тргнаа заедно кон подиумот, додека одеа рамо до рамо, американскиот претседател лесно го потапка својот руски колега по грб.
Ова е еден вид заштитен знак на Трамп кога се сретнува со највисоките лидери во светот, а истото го стори неодамна кога ја поздравуваше кралицата Елизабета.