Италијанската полиција уапси 18 лица во акција против луѓе кои ги злоупотребувале децата.
Меѓу уапсените се градоначалникот на градот, лекари и социјални работници. Тие се обвинети за перење на мозоците на децата убедувајќи ги дека нивните родители ги злоупотребуваат.
Обвинението е широко и вклучува процедурална измама, злоупотреба на овластување, малтретирање на деца, предизвикување сериозни повреди, фалсификување на јавни акти, нарушување на приватноста, обиди за изнудување и злоупотреба.
Така ги префрлувале кај згрижувачки семејства.
Полицијата во северниот регион Реџо Емилија ја започна оваа истрага во 2018 година, откривајќи мрежа на луѓе кои требало да се грижат за децата, а кои наместо тоа им наштетувале.
Тие користеле различни методи, вклучувајќи ги и електрошоковите, за да ги убедат децата дека биле малтретирани.
Потоа, децата биле давани на згрижувачки семејства во замена за пари. Тие, исто така, ги задржувале подароците и писмата кои биолошките родители со години им ги праќале на своите деца. Тие биле чувани во складиште откриено од страна на полицијата.
Наводната злоупотреба е потврдена од полицијата на АФП во Бибиано, во близина на Реџо Емилија.