Возач со автомобил удрил во мотоцикл и избегал

Мотоциклист бил тешко повреден откако бил удрен од автомобил, но по сообраќајката возачот наместо да застане избегал од местото на несреќата, вчера утрото во Скопје.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 7.45 часот на улицата Коце Металец во Скопје. Автомобил удрил во мопед „јијинг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ц.С.(37) од Скопје и го напуштил местото.

Од ударот мотоциклистот бил тешко повреден по што бил однесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави