Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ луѓето се придружува на првиот Скопје Прајд, на 29 јуни 2019 година.
,,Со учеството на овој мирен протестен марш, испраќаме порака за солидарност и поддршка на нашите ЛГБТИ сограѓани во борбата против стигматизација, дискриминација, насилство и говор на омраза кон нив. Маршот е можност ЛГБТИ, како една од најмаргинализираните заедници, да добие видливост во општеството и поддршка во надминувањето на проблемите со кои се соочува. Затоа во многу градови ширум светот, вклучително и на Балканот, се одржуваат паради на гордоста.
Интерпартиската група продолжува континуирано да придонесува за подигање на јавната свест за потребата од унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето и развој на современо демократско општество со еднакви можности за ситеsе вели во соопштението.