Калајџиев: Судството мора да пресече по право, а не по политика

Судството треба да престане да чека одлуки од политиката, но како што гледам и колку ја сфаќам работата се чека практично донесување на овој закон кој би ја решил демек судбината на СЈО, но особено како демек да го реши спорното прашање за тоа дали обвиненијата подигнати по 18 месеци од преземањето на бомбите може да продолжат и мислам дека тоа е погрешно, нагласи Гордан Качајџиев, претседател на Хелсиншки комитет за човекови права одговарајќи на новинарско прашање за правниот вакуум во врска со статусот на СЈО.

-Правниот систем е поделен. Од една страна Врховниот суд, а од друга Министерството за правда, СЈО и странските амбасади. Проблемот со рокот на Обвинителството треба да се решава со принципи, а не со навивање, рече Калајџиев.

Тој изјави дека судството мора да пресече по право, а не по политика.

– Судството мора да пресече по право, а не по политика. Судиите се ставени меѓу чеканот и наковалната. Државата не може да си игра со судбината на обвинетите, во смисла дека може еднаш да прекине да ги гони, а потоа со нов закон да продолжи со кривичниот прогон, рече Калајџиев.

Треба да знаете
Последни објави