Легендарниот хит „Paint It Black”, еден од најголемите во кариерата на неспоредливите „Ролингстоунси“, еднакво неуништливиот Кит Ричардс (75) го модифицира во „Paint It Brown”, па откако бендот се врати на турнеја тој го покажа новиот имиџ при што неговата бела коса исчезна.
Големиот гитарист во минатото имаше проблеми со алкохол и тешки дроги, но тој драстично го смени начинот на живеење во последните неколку години и повремено може да испие само некоја чаша вино, а неговите блиски пријатели се шегуваат дека во седумдесеттите години стана промотор на здрав начин на живеење.