Меркел: Се надевам на напредок во трговскиот спор помеѓу Кина и САД

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека се надева оти САД и Кина на Самитот на Г-20 во Осака во одредена мерка ќе напредуваат во насока на намалување на трговскиот спор.

Меркел посочи дека за тоа разговарала со американскиот претседател Доналд Трамп, кој упатил критики и до Пекинг и до Берлин.

– Се надеваме дека разговорите помеѓу Кина и САД на маргините на оваа конференција, заедно со другите преговори можеби ќе доведат до успех, посочи Меркел.

Германската економија, насочена кон извозот, во голема мерка е изложена и трпи последици од влошените трговски односи помеѓу САД и Кина.

Треба да знаете
Последни објави