Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен застана во одбрана на мултилатералниот договор за иранската нуклеарна програма, при тоа признавајќи оти „не е идеален”.
Сметам дека алтернативата е полоша, бидејќи тоа значи дека нема никаква контрола. Тогаш нема да има никакво набљудување на нивната нуклеарна програма и нивните нуклеарни амбиции, наведе Расмусен.
Тој додаде дека ако Иран успее да разработи нуклеарно оружје „тоа ќе предизвика многу опасен натпревар во вооружување во регионот, посочи Расмусен.