СВР Скопје: Казнети повеќе од 100 возачи кои дивееле по скопските улици

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во периодот од 6 утрото до полноќ спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

Притоа, откриени се 52 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Откриени се и 58 останати прекршоци за кои се издадени 36 мандатни платни налози и 22 прекршочни платни налози.

Истиот ден во акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават  мотоциклисти, сообраќајците откриле 20 прекршоци. Откриени се и два останати прекршоци за кои се издадени исто толку прекршочни платни налози.

 

Треба да знаете
Последни објави