СДСМ: Усвоени законските измени, од први јули поврат на 15 отсто од ДДВ кај граѓаните

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го усвои Законот за поврат на дел од платеното ДДВ на граѓаните. Веќе од идната недела започнува реализација на оваа значајна мерка, граѓаните за првпат од државата ќе добиваат 15 отсто од платеното ДДВ, се вели во соопштението на СДСМ.

Со тоа секое семејство на крајот на годината ќе добие дополнителен приход, годишно кај граѓаните ќе се враќаат околу 50 милиони евра. Зборот важи. Обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките што обезедуваат економски раст, развој и повеќе пари во секое семејство.

Треба да знаете
Последни објави