Се запали објектот на поранешната позната сендвичара „Кинг Бургер“

Пожар зафати напуштен објект во центарот на Скопје, на улица „Максим Горки“, спроти Соборниот храм. Интервенираше противпожарната служба со 13 пожарникари и неколку возила известува 1ТВ.

Се работи за објектот на поранешната позната сендвичара „Кинг бургер“, за кој минативе години скопската чаршија кружат муабети дека е предмет на нерасчистени сопственички односи.

По брзата интррвенција на против пожарните служби, спречено е понатамошно ширење кое би ги зафатило и околните куќи згради, а при акцијата немаше повредени. Како што соопштуваат, допрва ќе се утврдуваат причините за избувнување на пожарот.

Снимката до 1ТВ ја достави наш гледач на местото на инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави