Кинескиот претседател Си Џинпинг потенцира денеска дека ситуацијата во Персискиот залив е исклучително сложена и е на „крстопат меѓу војна и мир”.
– Кина секогаш е на страната на мирот и се спротиставува на војна, нагласил Си на средба со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во кулоарите на самитот на врвот на Г-20 во Осака.
– Сите страни треба да дејствуваат воздржано, да го засилат дијалогот и консултациите и заедно да го зачуваат регионалниот мир и стабилност, нагласил Си.