Трамп ги пофали односите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп ги пофали денес неговите „многу добри односи” со својот руски колега, Владимир Путин, на почетокот на билатералните разговори на маргините на самитот на Г20 во Осака.

Трамп и Путин не се имаат сретнато уште од самитот во Хелсинки во јули 2018 година. Претседателот на САД тогаш  во својата земја беше изложен на жестоки критики поради, според политичарите и медиумите, премногу помирливиот тон.

„Ние не сме се виделе долго време”, рече Путин, додавајќи дека владите на двете земји „во меѓувреме направија многу”.

Состанокот се одржува во време на конгресни истраги во САД за наводните врски на изборниот штаб на Трамп со Русија.

Трамп им одговори саркастично на новинарите кои го прашаа денес за можноста за влијанието на Русија на изборите во 2020 година.

„Ве молам, без мешање во изборите”, рече тој иронично, свртувајќи се кон рускиот лидер.

Треба да знаете
Последни објави