Трамп е среќен што Меркел му е пријателка

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека германската канцеларка Ангела Меркел е „фантастична личност“ и дека е „среќен што ја има како пријателка“.

Трамп го изјави тоа за време на состанокот со Меркел на маргините на Самитот Г-20 во Осака.

Минатата година германската канцеларка рече дека нема повторно да се кандидира на изборите, а Трамп постојано се жалеше дека Германија ги користи САД во НАТО.

Американскиот претседател рече дека тој и Меркел „имаат многу теми за разговор”, но не посочи дали ќе го покрене прашањето за НАТО.

Меркел рече дека сака да зборува за Иран, борбата против тероризмот и Западна Африка.

Треба да знаете
Последни објави